Маршалските Острови го заменија доларот со сопствена криптовалута

- Advertisement -

Маршалските Острови направија сопствена криптовалута и се откажаа од доларот. Владата оваа промена веќе ја преточи во закон и сега „соверен“ е нивната официјална криптовалута, пишува The Verge. Новиот закон беше донесе на 1 март, но веста се прошири дури во текот на неделава.

Маршалските Острови имаат популација од 53.066 жители, па оваа промена нема да засегне многу луѓе, но многу е важна за жителите на островот затоа што банките и компаниите за кредитни картички ќе мора да почнат да ја прифаќаат. Веројатно доларот и понатаму ќе се прифаќа како валута за употреба, но само „соверен“ ќе се смета за официјална валута.

- Advertisement -

Во февруари годинава Маршалските острови потврдија дека работат на развој на сопствена криптовалута. Дигиталните пари ќе бидат лансирани преку иницијална јавна понуда и се очекува за почеток да се пуштат во оптек 24 милиони токени поради претпазливост да не се предизвика инфлација.

Маршалските Острови се членка на Обединетите нации и суверена држава, па поради тоа оваа нивна одлука има поголемо значење за банките на глобално ниво. Во февруари годинава Венецуела лансираше сопствена криптовалута наречена „петро“, но не го исфрли целосно од употреба боливарот. Венецуела исто така е под санкции на САД, па американскиот претседател издаде наредба никој во САД или од американска територија да не инвестира во криптоваутата „петро“.

Сподели!
- Advertisement -