Водечки светски футуролози на конференцијата Future Tense во Загреб

- Advertisement -

Конференцијата која не води во иднината, Future Tense, ќе се одржи на 2 октомври во Загреб, а водечки светски футуролози ќе ни откријат како ќе живееме и ќе работиме во иднина. Моргејн Геј, Герд Леонхард, Арик Дроми и Дејвид Бирч се футуролозите кои своето видување на иднината ќе го претстават во Загреб, а по нивните инспиративни предавања ќе се одржи панел CEO future на кој ќе се расправа за можностите за примена на футуролошките предвидувања во бизнис моделите, пишува  Zimo.

Future Tense е авторски проект на Комуникациската лабораторија во Загреб со кој на јавноста сакаат да и ги претстават светските футуролошки предвидувања, но и да укажат на важноста на примената на футуролошките предвидувања во работата. На конференцијата ќе бидат претставени теми кои ќе бидат релевантни за сите.

- Advertisement -

Future Tense конференцијата ќе ги претстави генералните футуролошки предвидувања, но ќе бидат застапени и специфични теми како паметни градови, предвидувања врзани за прехранебната индустрија, но и развојот на нови начини на плаќање. Токму затоа ордеден број котизации за конференцијата ќе може да се платат со криптовалутите биткоин, рипл и етер.

Многу компании на глобално ниво имаат вработено футуролози како сотвеници, особено во поглед на управувањето со ризици. Футуролозите креираат предвидувања базирани на бројни анализи. Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на http://futuretense.eu

Сподели!
- Advertisement -