Германскиот град Хамбург почнува да ги забранува дизел возилата

- Advertisement -

Хамбург на крајот на овој месец ќе воведе забрана за сообраќање на стари дизел возила на некои од сообраќајниците. „Ограничувањата на делови од две сообраќајници во Хамбург, кои градскиот Сенат ги донесе во 2017 година, може да стапат на сила“, соопштија властите на Хамбург.

Забраната се однесува на делови од сообраќајници во центарот на градот во вкупна должина од околу 2,3 километри, пишува Bizlife. Забраната важи за сите возила со дизел погон кои ја немаат најновата еколошка ознака. Во Хамбург се регистрирани околу 260.000 дизел возила, од кои само 96.000 ги исполнуваат највисоките еколошки критериуми.

- Advertisement -

Градот со ова ја имплементира одлуката на Уставниот суд донесена на крајот на февруари годинава. Уставниот суд тогаш по примерот на Штутгарт и Дизелдорф одлучи градовите како крајна мерка за намалување на загадувањето да може да воведат и забрана за сообраќај.

Пред неколку дена Европската комисија пред Европскиот суд на правдата поднесе тужба против Германија  поради неефикасност во намалувањето на количината на азотни оксиди во воздухот.

Сподели!
- Advertisement -