Стоби флипс во роденденско пакување по повод 40-годишниот јубилеј

- Advertisement -

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40-грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.

Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет.  Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.

- Advertisement -

Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

Сподели!
- Advertisement -