Голем интерес кај фирмите за финансиска поддршка од државата

- Advertisement -

Над 320 компании подигнале апликации за проекти со кофинансирање од владиниот План за економски раст, јави викендов АлсатМ.

Преку третиот столб од Планот за економски раст кој се реализира преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансираат брзорастечки фирми. Компаниите кои имаат добри проекти може да добијат 70% од инвестицијата вложена за иновации. Микро-фирмите кои вработуваат најмногу до пет лица може да добијат компензација од 30% за било која инвестиција, вклучително и помош за вработување на нови лица. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски вели дека интересот е за три пати поголем од очекувањата.

- Advertisement -

„Нашите проекции беа дека за целата 2018 година ќе потпишеме договор со стотина компании. Тоа значи дека веќе во моментов имаме интерес три пати поголем, според тоа што е регистрирано, ќе видиме понатаму. Но, веќе имаме според овие бројки интерес за три пати повеќе средства од тие што ни се на располагање“, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Првиот повик на Фондот трае до крајот на јуни. Предвидено е да бидат кофинансирани проекти во вкупна вредност од три милиони евра. Останатите два повика треба да бидат објавени до крајот на годината. Преку Фондот за иновации се обезбедени вкупно 10,5  милиони евра за поддршка на мали, микро и средни претпријатија.

Сподели!
- Advertisement -