Научниците сакаат до 2030 година да направат мапи од морското дно

- Advertisement -

Користејќи податоци кои ги собираат со подземни дронови, трговски и рибарски бродови и истражувачи, нов научен проект планира до 2030 година да направи мапи од морското дно и да реши некои од најголемите тајни во светот. Станува збор за амбициозна иницијатива затоа што треба да се направи мапа од 190 милиони квадратни километри или 93% од светските мориња и океани на длабочина поголема од 200 метри, пренесува Zimo.

Сатиндер Биндра е директор на проектот Seabed 2030 и вели дека во овој временски рок може да се направи нешто што ќе расветли многу светски феномени од тоа како настануваат цунами, миграцијата на рибите, состојба со загадувањето, помош при навигација на бродовите и скенирање на непознатите залихи на минерали.

- Advertisement -

„Денес човекот знае повеќе за површината на Месечината или на Марс отколку за она што ни се наоѓа буквално до нас. Тоа сакаме да го поправиме во 21 век. Предолго време океаните ги третиравме како конечна граница“, истакна Биндра.

Проектот настана во соработка на јапонската филантропска организација Nippon и непрофитната организација на експерти GEBCO, кои веќе се вклучени во мапирање на морското дно. GEBCO дејствува во рамките на Меѓународната хидрографска организација и УНЕСКО.

- Advertisement -

Вредноста на проектот се проценува на околу 3 милијарди долари, а можни проблеми се геополитичката напнатост во некои од осетливите води од светот, како што се Јужнокорејското Море, Аднескиот залив и Црвеното Море.

Податоците од различни извори ќе ги собираат експерти од четири центри во светот и потоа ќе ги испраќаат до Британскиот национален океанографски центар, кој првата мапа планира да ја направи до крајот на 2018 година и да ја дополнува секоја година.

Сподели!
- Advertisement -