Кинези со вештачка интелигенција ќе ги оценувaат тестовите на децата на училиште

- Advertisement -

Додека денес учениците и студентите чекаат со денови професорите да ги оценат тестовите и испитите, во иднина резултатите ќе се знаат веднаш, а оценките ќе ги дава – вештачка интелигенција. Во многу училишта во Кина моментално се тестираат системи базирани на вештачка интелигенција и машинско учење кои можат автоматски да ги оценуваат есеите, тестовите и испитите, па дури и да ги советуваат учениците и студентите за грешките кои ги направиле. Се што прави вештачката интелигенција се споредува со оценките и советите од професорите кои ги провериле истите тие испити, така што вештачката интелигенција учи нови работи за да биде што поисправна при носењето одлуки.

Исто така, при поправката на тестовите се користи постојна база на податоци која постојано се дополнува, така што вештачката интелигенција во есеите ги издвојува деловите на кои учениците треба да работат дополнително, односно ќе ги предупреди ако премногу застраниле од зададената тема.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција досега се покажа прилично точна и во дури 92% од случаите донесе исти или слични одлуки како и професорите, но, сепак, тие резултати не се совршени. Како што напредуваат вештачката интелигенција и машинското учење така ќе напредува и овој софтвер, кој во иднина ќе ги намали недоследностите при оценувањето, ќе се намали времето кое професорите го трошат на читање и оценување и ќе се подобрат вештините на пишување.

Не постои закон со кој се забранува употреба на вештачката интелигенција за оценување на ученици, вели професорот Ју Јафенг од Универзитетот Нормал во Пекинг, но додава дека оваа пракса повлекува низа етички прашања. На пример, во некои случаи студентите и учениците не знаеле дека нивната работа ја оценувала вештачка интелигенција, а дел од родителите на учениците кои учествувале во истражувањето за тоа не биле известени. За многумина е проблематичен и фактот што во целиот проект учествува кинеската влада, а професорот кој е одговорен за проектот претходно има учествувано во воени проекти.

Сподели!
- Advertisement -