Од почетокот на минатата недела летачките такси Sea Bubles може да се видат како возат по реката Сена во Париз. Можеби за неколку недели отсега нема да ги има во редовна и комерцијална употреба, но секако дека ќе станат реалност за неколку години отсега. По шест месеци пауза овие летачки такси се најдоа на водите на Сена. Такси возилата имаат нов електричен мотор на иноваторот Ален Тебо. Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, уште од самиот почеток го поддржува овој проект, пишува LCI.fr.
Sea Bubbles се мали бели чамци кои работат на принципот на хидроптер развиен од страна на Тебо. Благодарение на брзината којашто може да ја развие моторот овие возила се подигнуваат на околу 50 см над водата. Не прават никаква бучава, не испуштаат никакви штетни гасови, тврди нивниот изумител.
Тестовите на Сена имаат за цел да ја проверат работата на моторот во пракса помеѓу сообраќајот на Сена. Таксите може да возат со 12 км/ч во центарот на градот, а со 18 км/ч подалеку од градот, иако се создадени да возат со максимална брзина од 50 км/ч. Првиот прототип на летачките такси беше тестиран во јуни 2017 година исто така на Сена.