Попладневното кафе ја намалува продуктивноста, еве како да останете продуктивни без него

- Advertisement -

Скоро и да не постои човек кој работниот ден не го започнува со кафе, дури слободно може да се каже дека сите сме веќе на еден начин зависни од кофеин. Редовното конзумирање на кафе не значи дека е штетно. Напротив, тоа дава многу здравствени бенефити како намалување на шансите за Алцхајмерова болест, срцев удар и дијабет.

Меѓу другото, кофеинот ја поттикнува продуктивноста, па не е изненадување тоа што некаде после попладневната пауза на работа, кога концентрацијата почнува да ни опаѓа, посегнуваме по уште едно кафе. Но што ако оваа навика за попладневно кафе всушност ви ја уништува продуктивноста за наредниот ден?

- Advertisement -

Кофеинот е супстанца која делува како стимулатор на централниот нервен систем и затоа има моќ да ве „разбуди“ наутро и да ви го стартува мозокот за работа. Меѓутоа, прекумерното конзумирање на кофеин, односно повеќе од 400 милиграми или повеќе во денот, сериозно ја пореметува шемата на спиење.

Ова се однесува особено на кофеинот внесен во организмот во попладневните часови, па дури и ако успеете да заспиете навреме вечерта, вашиот сон нема да биде цврст и здрав поради кофеинот кој се наталожил во организмот.

- Advertisement -

Резултатот на ова најчесто е умор во текот на наредниот ден што ќе ве тера да внесувате уште повеќе кофеин. Кога ќе влезете во оваа рутина, тогаш од ден во ден вие станувате помалку продуктивни.

Една студија од 2009 година спроведена од U.S. National Library of Medicine покажала дека студентите кои ги минуваат ноќите учејќи со кафе, во текот на денот помалку учествувате во активностите поврзани со образованието.

- Advertisement -

Намалената концентрација и продуктивноста може да резултира и со чести главоболки. Но ова не значи дека мора целосно да се откажете од кафето.

Не конзумирајте кафе после 14 часот. Ова ќе ви помогне да го исфрлете кофеинот од организмот додека да дојде време за спиење и ќе ви овозможи подобро да заспиете и да имате длабок сон со што подобро ќе се одморите.

Регулирајте ја дозата. Како што рековме, не се препорачливи повеќе од 400 милиграми кофеин на ден.

Обидете се да пиете кафе во помали чаши. Ако го направите ова, можеби ќе дознаете дека ви помага и пиењето на помала количина на кафе, а доколку се навикнете на помалата чаша кафе, тогаш автоматски во текот на денот ќе конзумирате помалку кофеин.

Како и многу нешта во животот, клучот е да се најде рамнотежа. Ако успеете да го ограничите конзумирањето на кофеин на помала количина, ќе почнете да спиете подобро и да останете повеќе продуктивни.

Сподели!
- Advertisement -