Creative Hub во петок ја организира конференцијата „Македонски маркетинг: The Future“

- Advertisement -

Creative Hub, центар за неформално образование, овој петок на 8 јуни организира еднодневен настан посветен на иднината на маркетингот и креирањето на иновативни визуелни содржини како дел од неа.

Во склоп на настанот, ќе бидат изведени две панел дискусии на следниве теми:

- Advertisement -

1. Трендови во адвертајзингот, која ќе опфати дискусии за тоа како купуваат новите генерации, што е тоа што ги влече да користат одреден производ или услуга, како дигиталните алатки кои се на располагање на сите можеме да ги искористиме за да се доближиме до новата генерација потрошувачи и како сето тоа да им се пренесе на новите маркетери преку формалното и неформалното образование.

2. Иднината на создавањето содржина, на која ќе се дискутира каква е проектираната иднина на создавањето содржини, како технолошкиот развиток и достапноста на различни информации ни помага да одредиме какви содржини ќе се објавуваат, дали 3D, VR, AR, или пак видеото ја носат иднината во претставувањето на пазарот и каква е иднината на интеракцијата меѓу бизнисот и потенцијалните корисници.

- Advertisement -

Одговорот на сите овие прашања ќе биде преточен преку излагањата на панелисти од различни македонски маркетинг и адвертајзинг компании со долго искуство во работа на македонски и интернационални проекти како на пример Радмила Мила Павловска од Barcode Consultancy, Филип Димитров од New Moment, Маја Ирина од McCann Skopje, Ира Стефанов Бабиќ од Brand Union и други.

Дополнително, на настанот ќе бидат презентирани и финалните проекти на студентите на Академијата за маркетинг и Академијата за графички дизајн на Creative Hub.

- Advertisement -

За да присуствувате на настанот, потребно е да си набавите карта на следниов линк. За повеќе информации поврзани со самиот настан и говорниците, посетете го Фејсбук настанот на овој линк.

Сподели!
- Advertisement -