Научници излечија жена со рак на дојка само со помош на нејзиниот имунолошки систем

- Advertisement -

За прв пат во светот научници успеаја да излечат жена со напредна форма на терминален рак на дојка. И тоа без употреба на хемотерапија и други тешки лекови, туку само со помош на клетките од нејзиниот имунолошки систем. Додека почнала со експерименталната терапија сите други вообичаени терапии се покажале неуспешни. Жената поминала низ неколку рунди хемотерапија, која не помагала и ракот се проширил низ телото на 49-годишната жена.

Докторите и рекле дека нема да поживее повеќе од неколку години, но научници од Националниот  институт за рак на САД во Мериленд употребиле имунотерапија. Тој третман идентификува кои клетки од имунолошкиот систем на пациентот се најдобри за борба против ракот. Откако ќе се открие кои се тие клетки, научниците ги зголемуваат на милијарди во лабораториски услови и ги враќаат во телото, каде што почнуваат да се борат против ракот и да ги убиваат клетките.

- Advertisement -

По речиси две години пациентот повеќе нема рак. Ракот е втората најчеsта причина за смрт на луѓето во светот, а од рак на дојка починале повеќе од половина милион жени во 2015 година. Имунотерапијата се уште е одобрена за употреба само кај некои видови рак во САД. Докторите се надеваат дека во иднина оваа терапија ќе се користи за лечење на сите видови рак.

Сподели!
- Advertisement -