Удобнoста е еден од клучните фактори при изборот на леќи. Сите кои носат леќи многу добро знаат удобноста, особено во лето кога се оди на плажа, се од клучно значење. Статистиките покажуваат дека дури шест од 10 корисници на контактни леќи чувствуваат некаква неудобност после осум часа носење на леќи.
Ваквите непријатности можат да се избегнат со AIR OPTIX plus HydraGlyde месечните контактни леќи кои се изработени со технологијата HydraGlyde Moisture Matrix, која придонесува леќите да бидат постојано влажни. Тоа овозможува долготрајна хидратација преку целиот ден, а со тоа и удобност во текот на целиот ден.
Зошто AIR OPTIX plus HydraGlyde се вистинскиот избор за Вас?
Седум од 10 корисници на месечни контактни леќи, ги носат истите повеќе од шест дена во неделата . Ако и Вие сте еден од нив, тогаш сигурно Ваш приоритет е да не почувствувате сувост и неудобност на очите. Токму затоа, AIR OPTIX контактните леќи се карактеризираат со таканаречената SmartShield технологија која помага леќите да се заштитат од иритирачките депозити во текот на целиот месец.
AIR OPTIX plus HydraGlyde овозможуваат:
- Висок степен на удобност во текот на целиот ден
- Постојана заштита од иритирачките депозити за подолго и поудобно носење
- Совршен вид и постојана удобност
Овие леќи може да ги побарате во сите подобро снабдени оптики. Генерален увозник е компанијата Бета Медико.
Контакт: betamed@t-home.mk