Отворен повикот за учество на Skopje Hackathon 2018

- Advertisement -

Во периодот од 22 до 24 јуни, во Јавна соба ќе се одржи Skopje Hackathon 2018 на кој учесниците преку неколку предизвици ќе изработуваат креативни и иновативни решенија.

Партнерите кои го организираат Skopje Hackathon 2018 се играчи добро познати на македонската стартап сцена како GSIX, Brainster и CEED Hub Skopje, поддржани од #SwissEP Entrepreneurs in Residence програмата и порталот IT.mk.

- Advertisement -

На хакатонот за сега се најавени три предизвика од кои откриен е само предизвикот на CEED Hub Skopje кој се однесува на создавање на алатки или стратегии за маркетинг/дигитален маркетинг кои ќе придонесат кон намалување на пластичниот отпад во Скопје. Останатите два предизвика ќе бидат најавени дополнително.

На настанот пријавените ќе работат со поддршка на неколку ментори кои имаат искуство во блокчеин, вештачка интелигенција, B2B, развој на продукти итн. За победниците во предизвиците се обезбедени и соодветни награди.

- Advertisement -

Повеќе детали за настанот и агендата можат да се најдат на Фејсбук настанот на следниов линк. За да се пријавите за учество, потребно е да се регистрирате на следниов линк. 

Сподели!
- Advertisement -