RefresherBoxx ќе ви ги освежи чевлите и ќе ја отстрани непријатната миризба

- Advertisement -

RеfresherBoxx  е сосема нов високотехнолошки изум кој ќе ги освежи, ќе ги исуши и ќе ги исчисти вашите чевли од непријатните мириси и бактерии, и сето тоа без употреба на вода и какви било хемикалии. Ова особено ќе ги израдува луѓето кои често вежбаат или спортуваат. Се прашувате како е можно?

Еве како. Бактериите и габите ги убива со помош на озон и УВ светлина. Посебен фен Heat&Air Blower ја суши внатрешноста. Уредот е многу лесен за користење благодарение на екранот на допир и можноста за поврзување на Wi-Fi и конектирање со паметен телефон или со паметен дом.

- Advertisement -

Најбитно е тоа што можете да го користите секаде без да се чувствувате неудобно од непријатната миризба на обувките. Освен тоа што ќе ги уништи сите бактерии и габи од внатрешноста, RefresherBoxx ќе ги отстрани сите непријатни мириси од вашите чевли и ќе освежи со пријатен мирис. Засега го има во четири бои: светло зелено, млечно бело, небесно сино и црно. Уште е во тек кампањата на платформата за групно финансирање Kickstarter.

Сподели!
- Advertisement -