Апликации за надзор на паметниот телефон на децата наменети за секој родител

- Advertisement -

Децата онлајн се изложени на многу закани и опасности. Доколку сте родител на дете кое не може да се оддели од телефонот, тогаш е препорачливо барем на некој начин да следите како и за што детето го користи паметниот телефон.

Еве неколку апликации кои ќе ви помогнат во тоа.

1. FamilyTime

- Advertisement -

Оваа апликација овозможува прецизно спречување на содржини кои сметате дека се непримерни за вашето дете. На располагање имате алатки за одредување на времето за пишување домашна задача и времето за спиење, како и за ограничување колку време детето смее да помине со телефонот.

Со апликацијата можете да добивате и известување кога детето ќе ја напушти локацијата на телефонот која претходно сте ја одредиле или кога ќе се обиде да пристапи до содржини кои сте ги забраниле, а ќе можете и да блокирате други апликации, СМС пораки итн.

- Advertisement -

2. Kasperky Sаfe Kids

Новата мулти-платформа Kaspersky Safe Kids им помага на родителите да создадат и да преговараат за нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет. Апликацијата на родителите им овозможува следење на комуникациите на децата, вклучувајќи ги и јавните активности на Фејсбук, повиците и СМС-пораките на андроидните уреди. Помага да се ограничи пристапот само на одредени типови на веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст. Понатаму, на мапа  покажува каде се наоѓа детето и во реално време праќа нотификации доколку ја напушти безбедната зона што Вие ќе ја дефинирате. Освен тоа, на детето му помага при користење на веб-страници и уреди и полесно да управува со своето време.

- Advertisement -

3. Qustodio

Во оваа апликација ќе најдете управувачка страна со преглед на последните активности на телефонот за сите поврзани уреди, како и времето поминато на сервиси како Instagram или Twitter. Може да поставите временски ограничувања, да праќате СМС пораки, да филтрирате веб страници и да го ограничите користењето на други апликации и игри.

4. ESET Parental Control 

ESET е компанија која изработува антивирусен софтвер, но имаат и апликација за родителски надзор ESET Parental Control која овозможува блокирање на апликации и веб страници според возраста на детето. Со вообичаените ограничувања на користење на апликацијата, можете да искористите и опција која ви нуди детето да ви прати порака за дозвола за играње или користење пред да пристапи до некоја апликација на телефонот.

5. Pumpic 

Со оваа апликација можете да се јавувате и да праќате СМС пораки, како и да ги блокирате и ограничите. Освен тоа, можете да вршите надзор и на користењето на социјалните мрежи и веб страниците со што ќе можете да ги блокирате доколку процените дека е потребно. Исто така, можете да ја следите и локацијата на телефонот, како и да го заклучувате од далечина.

6. OurPact 

Едноставна апликација со едноставни опции која ќе ви овозможи да блокирате други апликации или пристап до Интернет, како и креирање распоред за користење и контрола на пристап во реално време. Погодна е за помали деца кога првпат доаѓаат во контакт со паметен телефон.

7. KidLogger

Оваа апликација ќе ви понуди преглед на историјата на сурфање на Интернет и користење апликации, како следење на пораките и активностите на социјалните медиуми.

8.  Norton Family Premier

Уште една голема компанија од подрачјето на антивирусен софтвер која овојпат нуди апликација која може да ја користите на неограничен број на уреди, а со која ќе можете да блокирате пристап до одредени веб страници или да поставите предупредувања секогаш кога детето ќе отвори некоја таква страница.

Оваа апликација исто така може да го исклучи уредот ако детето го надмине однапред определеното време за користење.

Сподели!
- Advertisement -