Колку им се развиени дигиталните вештини на Македонците во споредба со ЕУ?

- Advertisement -

Македонија прва по ниско целокупно ниво на дигитални вештини!

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) деновиве објави кратка анализа за нивото на дигиталните вештини во Македонија и ЕУ, која открива дека нивото на дигитални вештини кај Македонците е еден од клучните фактори за нивната подготвеност да купуваат онлајн.

- Advertisement -

Според нивните податоци, вртоглаво брзиот развој на технологија придонесува кон тоа дигиталните вештини да станат неопходни за секојдневието. Во иднина, за 9 од 10 работни места ќе бидат потребни дигитални вештини, па и покрај овај факт, потребата за зголемување на дигиталната писменост е сѐ поголема.

Од 2015 година наваму, Еуростат секоја година објавува индекс за дигитални вештини според кој Македонија е рангирана на врвот по ниско целокупно ниво на дигитални вештини. Овој процент на ниско ниво на дигитални вештини во 2017 година се зголемил во споредба со 2016 година.

- Advertisement -

Македонија се наоѓа на долниот ранг во споредба со европските земји по целокупно ниво на дигитални вештини, со 20% во 2017 година, спрема 23% во 2016 година. За основни и над основни вештини, повторно Македонија е во долниот ранг со 32%, единствено пред Бугарија и Романија.

- Advertisement -

Во државите од ЕУ, податоците за 2017 година покажале дека 44% од луѓето имаат многу ниски дигитални вештини, а само 27% имаат основни дигитални вештини, со тоа што околу 14% не користат Интернет според податоци од Европската комисија. Комисијата предупредила дека повозрасните луѓе, оние со помал степен на образование и оние со помали примања продолжуваат да бидат во ризик од дигитално исклучување.

Според АЕТМ, се препорачува поголема едукација на населението за зголемување на компјутерската писменост, дигиталните вештини и онлајн купувањето преку различен тип на активности со цел зголемување на нивото на дигитални вештини. Тие објаснуваат дека ниското ниво на дигитални вештини се одразува и на е-трговците.

Инаку, АЕТМ подготвува и сеопфатна анализа за е-трговијата во Македонија која ќе даде информации за навиките на македонските потрошувачи при купувањето онлајн, користењето на интернетот од страна на компаниите и од страна на потрошувачите, како и е-трговијата во Македонија споредена со е-трговијата во европските земји.

Сподели!
- Advertisement -