Kaspersky: Децата лани на Интернет повеќе гледале видео содржини отколку што играле игри!

- Advertisement -

Децата денес се целосно на свој терен кога станува збор за технологијата и дигитализацијата. Тие користат дигитални дневници и учебници на училиште, комуницираат со инстант пораки, играат игри на мобилни уреди и креираат мини уметнички дела на таблети или лаптопи. Оваа нивна тотална инклузија во дигиталниот универзум загрижува многу родители, но доколку сакаат нивните деца безбедно и корисно да го поминуваат времето на Интернет, тие мора не само да ги разбираат основните концепти на дигиталната безбедност и да ги познаваат заканите, туку и да им ги објаснат на своите деца.

Модулот Parental Control кај производите на Kaspersky Lab и посебно мултиплатформско решение Kaspersky Safe Kids ги штити децата од несакани содржини. Тие им овозможуваат на родителите анонимно да собираат статистика за онлајн активностите на децата за кои се предлага филтрирање и секоја година тие податоци се анализираат за да се види кои се интересите на децата и како се адаптираат во дигиталниот свет.

- Advertisement -

Решенијата на Kaspersky Lab ги скенираат содржините на веб страниците до кои се обидуваат да пристапат децата. Доколку некоја страница спаѓа во една од 14-те несакани категории, модулот испраќа нотификација до Kaspersky Security Network.

Родителите сами одлучуваат кои содржини ќе ги блокираат и ја конфигурираат апликација во согласност со тоа. Сепак, статистика се собира за сите 14 категории. Податоците се собираат само од компјутери кои работат на Windows и Mac OS и не се добива статистика од мобилни уреди.

- Advertisement -

Веб филтрирањето се врши кај следните категории:

- Advertisement -

-медиуми за комуникација на Интернет (социјални мрежи, апликации за четување, соби за четување, форуми)
-содржини за возрасни
-алкохол, тутун, наркотици
-насилство
-оружје
-пцовки и вулгарен јазик
-коцкање, лотарии, наградни извлекувања
-компјутерски игри
-е-трговија
-софтвер, аудио, видео
-HTTP пренасочување на сајтови
-регрутирање
-религија и слични теми
-информативни медиуми

Пребарувањето на Интернет кај децата е најдобар индикатор за нивните интереси. Kaspersky Safe Kids може да ги филтрира резултатите од пребарувањето кое го вршат децата на пет пребарувачи : Bing, Google, Mail.ru, Yahoo!, Yandex за шест потенцијално опасни теми: содржини за возрасни, алкохол, наркотици (дроги), тутун, расизам и вулгарен јазик.

Што се однесува на категориите кои најчесто ги пребаруваат децата, минатата година на прво место на глобално ниво се најдоа медиумите за интернет комуникација, главно социјалните мрежи. Потоа следуваат компјутерските игри, па алкохол, тутун и наркотици. Наредна најчесто пребарувана категорија е софтвер, аудио и видео.

Можеме да заклучиме дека во текот на минатата година децата поминувале многу повеќе време гледајќи видеа на YouTube, како и ТВ-шоуа и сериски филмови отколку што играле игри. Помладите генерации помалку се заинтересирани да пристапуваат до социјални мрежи од компјутер и преферираат мобилни уреди, додека темите како тутун, алкохол и наркотици и компјутерски игри, генерално, се попопуларни отколку порно содржините.

Преземете трајл-верзија од Kasperski safe kids на овој ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -