Со SolSource соларната скара можете да готвите секаде под Сонцето

- Advertisement -

Освен за генерирање електрична енергија и за загревање, сончевата топлина и светлина може да се искористи и за приготвување храна на најприроден можен начин. SoulSource Sport Solar Grill е неверојатно решение за максимално искористување на енергијата од Сонцето. Најдобрата особина на оваа соларна скара е тоа што сo неа можете да готвите буквално секаде под Сонцето цел ден – од половина час по изгрејсонце до половина час пред зајдисонце.

Скарата се загрева пет пати побрзо отколку скарите кои користат традиционален јаглен. Тоа значи дека готвењето е многу побрзо и полесно. Безбедна е за користење затоа што сончевата топлина се насочува само кон делот за готвење и останатата површина е постојано ладна и многу лесно се чисти. Соларната скара ја користи само директната светлина од Сонцето за да се загрее и да готви. Не се троши гас, јаглен или биомаса – само обновлива соларна енергија. Освен тоа, скарата е направена од материјали кои 100% може да се рециклираат. Откако ќе завршите со готвење, потребни се само 3 минути за да ја спакувате во посебниот ранец.

Сподели!
- Advertisement -