Кина нема повеќе да увезува пластичен отпад – пластиката ќе биде уште поголема закана за Земјата

- Advertisement -

Група научници соопшти дека одлуката Кина повеќе да не прифаќа и да не увезува пластичен отпад од другите земји ќе резултира со акумулација на пластика ширум светот и повикаа богатите земји да се потрудат да најдат решение за овој новонастанат проблем.

Научниците во оваа нова ситуација се обидоа да го одредат ефектот на кинеската забрана за увоз на пластичен отпад на глобален план и наведоа дека земјите во светот до 2030 година ќе се соочат со повеќе од 122 милиони тони пластичен отпад, пренесува N1.info.

- Advertisement -

Според нивните сознанија, Кина од 1992 година досега има увезено повќе од 1о5 милиони пластичен отпад, што е еднаков на тежината на повеќе од 300 Емпајер стејт згради. Богатите земји како што се САД, Јапонија и Германија долго време пластиката ја испраќаа на рециклирање во Кина, но неодамна земјата соопшти дека повеќе не сака да биде најголема светска депонија за пластика.

Кинеската забрана стапи на сила на 31 декември 2017 година, а натрупувањето на пластичниот отпад во светот се влошува. Оваа промена ќе ги натера земјите да бараат други начини за справување со пластиката, да бидат поселективни при рециклирањето и да се обидуваат што е можно повеќе да ја реупотребуваат.

Сподели!
- Advertisement -