Саудиска Арабија ќе го претвори Катар во остров

- Advertisement -

Саудиска Арабија ги објави плановите да прокопа канал долг 61 километар на границата со Катар и оваа заливска земја да ја претвори во остров. Како што пишува Makkah Newspaper, а пренесува SEEBiz.eu, пет меѓународни компании се повикани да се натпреваруваат за овој проект наречен Salwa Channel, а крајниот рок за пријавување е во понеделник. Победникот ќе биде познат за 90 дена, а се надеваат дека каналот ќе биде ископан до крајот на годината.

Според медиумите од заливот, каналот уште чека одобрување од владата, но планирано е да биде широк 200 метри и длабок 2о метри. За проектот ќе бидат потребни најмалку 745 милиони долари. Властите се надеваат дека ова ќе го унапреди туризмот во регионот, а Саудиска Арабија најави изградба на одморалишта и туристички пристаништа. Дел од каналот ќе биде претворен во воена база и место за закопување нуклеарен отпад.

- Advertisement -

Саудиските стражари официјално ја презедоа контролата над границата во април и го отсекоа единственото нешто што ги поврзувава со Катар, што беше прв знак дека се точни плановите за каналот. Овој потег дополнително ќе го изолира Катар, кој минатата година ја изгуби врската со заливските нации. Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Обединетите Арапски Емирати ги прекинаа дипломатските односи со Катар наведувајќи дека државата поддржува регионални терористички групи.

 

Сподели!
- Advertisement -