НАСА направи технологија која ќе ја намали бучавата од авионите

- Advertisement -

Доколку некогаш сте престојувале во близина на некој аеродром или сте посетиле некој што живее на такво место, знаете какво е чувството кога се тресат прозоците и целата куќа при полетување и слетување на авионите, па многумина поминуваат бессони ноќи. НАСА се одлучи да најде решение за проблемот и сега тестира три нови технологии за намалување на бучавата за повеќе од 70%.

Најголем број поплаки кои ги добива Федералната администрација за авијација на САД се за бучавата од авионите. Целта на НАСА е значително да се намали таа бучава за да се подобри квалитетот на животот на луѓето во близина на аеродроми. Како еден од главните виновници за бучавата која ја прави воздухот при триењето беше издвоена и опремата за слетување, па две од новите технологии се дизајнирани за намалување на таа бучава.

- Advertisement -

За овој проект НАСА се фокусира на намалување не на бучавата која ја прават моторите, туку на бучавата која ја создава ветрот при триењето со школката на авионот. За да ги тестираат новите технологии тие направија три експериментални дизајни кои ги прикачија на авион од моделот „галфстрим III“, кој леташе на височина од 107 m над 185 микрофони поставени во пустината Мохаве, Калифорнија, во воената база Едвардс, пишува New Atlas.

Делови од опремата за слетување сега ќе бидат продупчени со мали отвори, низ кои ќе поминува дел од воздухот, додека остатокот ќе ги заобиколува. Втората технологија се поставува на отворите од каде што излегуваат тркалата при слетување, додека третата се поставува на делот од крилата кој се движи за поголем полет или забавување на авионот. По завршувањето на првичните тестови во мај годинава, од НАСА соопштија дека новите технологии успеале да ја намалат бучавата на авионите за повеќе од 70%

Сподели!
- Advertisement -