Најавено минимално поевтинување на струјата

- Advertisement -

И годинава ќе има минимално намалување на цената на струјата, како и лани, најави новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Според Бислимовски, подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за денес кога и официјално РКЕ ќе објави за колку точно ќе биде намалувањето на електричната енергија.

- Advertisement -

Тој истовремено информираше дека според барањата на енергетските компании, ЕВН побарала 9 отсто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ побарале намалување од 1,5 проценти, додека МЕПСО не навеле процент. Со денешното намалување на електричната енергија ќе има тригодишно намалување во континуитет, со што номиналната цена на сто киловат- часови електрична енергија во Македонија е меѓу најниските во Европа.

Така според последните податоци од Евростат, во 2017 година, сто киловат-часови со пресметан ДДВ и други давачки во земјава чинеле 8,1 евра. Поевтина струја од нас, номинално, плаќале само домаќинствата во Србија (7 евра) и во Косово (6,5 евра).

- Advertisement -

Но доколку се спореди куповната моќ на населението, сметките за струја му тежат на буџетот на едно македонско домаќинство речиси исто колку и на едно просечно европско семејство.

Дополнително, регулаторната комисија најави дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената за приклучок која сега изнесува 500 евра, во општини кои имаат ДУП.

- Advertisement -

До крајот на наредниот месец регулаторите треба да достават критериуми до Владата за тендерот за избор на универзален снабдувач кој треба да се објави до септември. Според новиот Закон за енергетика домаќинствата сами ќе одлучуваат дали со електрична енергија ќе се снабдуваат од универзалниот снабдувач по регулирана цена, или од слободниот пазар.

Сподели!
- Advertisement -