Студенти иноватори ќе ги развиваат своите проекти со грант од Општина Гази Баба

- Advertisement -

Општина Гази Баба за прв пат стартуваше со поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите и почна со доделување на грантови, во висина од по 100.000 денари. Целта е студентите рационално да го искористат своето време додека студираат и професионално да се развиваат кон она што сакаат да работат токму преку овие проекти кои пак ќе придонесат за развојот на општината.

На јавниот конкурс кој што беше отворен од 12 април до 4 јуни, се пријавиле три факултети кои се наоѓаат на територија на Гази Баба и тоа, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и Шумарскиот факултет.

- Advertisement -

Грантови добија два проекти и тоа „Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување“ на група студенти од Земјоделскиот факултет и проектот „Зелена лична карта на Дендро паркот“ од Шумарскиот факултет.

- Advertisement -

Иноваторите, средствата ќе ги добијат во два дела, односно 50% пред имплементацијата на проектот а остатокот, откако ќе биде завршен. Крајниот рок за нивната реализација ќе биде до 30 октомври, оваа година.

Од општината изјавуваат дека и понатаму ќе продолжат со поддршка на проекти од сите области, а веќе три стартапи работат со поддршка од општината.

- Advertisement -

„Со ова сакаме да ги мотивираме младите во осмислување и реализација на нивните идеи, за решавање на невработеноста и отворање на сопствени компании, како и проекти кои нудат семејно земјоделско стопанство.“, истакна во своето обраќање пред младите иноватори градоначалникот Борис Геоегиевски.

Сподели!
- Advertisement -