Студентка откри бактерија која „јаде“ пластика

- Advertisement -

Студентката Морган Вејг од одделот за биологија на универзитетот во Орегон, откри можно решение за еден од најгорливите проблеми на човештвото денес – огромните количини на отпад од пластика. Таа открила бактерија која може да ја „јаде“ пластиката и да ја разложува.

Како што пишува Independent, микробите кои таа ги открила ја разложуваат PET пластиката која е најчестиот тип на пластика во светот и се наоѓа во облека, шишиња и амбалажи на кои им треба околу еден век за да се разложат. Годишно се фрлаат околу 300 милиони тони пластика, а само 10% се рециклира.

Според студентката, доколку процесот се забрза, тоа би одиграло голема улога во решавањето на проблемот. Таа почнала да истражува за бактерискиот метаболизам и одлучила да тестира микроби од почвата и водата околу рафинериите во Хјустон со цел да открие дали можат да разложат материјали како пластика.

- Advertisement -

„Потрага заврши со откривање на три бактерии кои го имаат ензимот потребен за разложување на пластика, но само една од нив ефективно ја разложуваше пластиката претворајќи ја во храна и оставајќи нус-продукти кои понатаму не се штетни за околината“, изјавила Вејг.

- Advertisement -

Следниот чекор кој Вејг планира да го спроведе заедно со својот ментор на истражувањето, професорот Џеј Мелиес е да тестираат дали бактеријата ќе делува на ист начин и со друг тип на пластика. Иако тие велат дека ова не е финално решение за проблемот со пластичниот отпад, сепак е дел од решението.

Тие додале дека не се работи за генетски модификации, напротив, бактеријата егзистира во природата, а тие само нашле начин како да ја изолираат и да ја адаптираат пластиката за да може бактеријата да ја разложи.

Сподели!
- Advertisement -