Stellina е првиот паметен телескоп во светот

- Advertisement -

Stellina за прв пат беше претставен во јануари на CES 2018, а сега е на продажба ексклузивно во Музејот на модерна уметност во САД. Компанијата која го направи, Vaonis, склучи партнерство со MoMa за да продаде само десет примероци од телескопот на клиенти од САД.

Сите заинтересирани сепак може да си го резервираат овој телескоп на компаниската веб страница по цена од 3.000 долари. Овој паметен телескоп  се очекува да биде лансиран на глобално ниво оваа есен.

- Advertisement -

Ова е првиот паметен телескоп во светот со опција за поврзување преку апликација. Овозможува лесно собирање неверојатни фотографии од небото и ѕвездите. Треба само да го поставите на држачот, да го притиснете копчето и да изберете од стотиците предлози директно од телефон. Потребни се само неколку секунди за Stellina да се позиционира, да фотографира и да ја испрати фотографијата директно до вашиот телефон.

Сподели!
- Advertisement -