Starbucks нема да користи пластични цевки од 2020

- Advertisement -

Познатиот ланец на кафетерии Starbucks најави дека најдоцна до 2020 ќе ги исфрли од употреба пластичните цевки од своите продавници ширум светот, пренесува CNN

Со овие промени компанијата ќе елиминира повеќе од милијарда пластични цевки годишно, а чекорот доаѓа бидејќи пластични цевки придонесуваат кон енормно зголемување на отпадот во океаните и се голема опасност за морскиот живот.

Транзицијата ќе биде направена со постепено внесување во употреба на хартиени цевки или цевки од разградлива пластика, но ќе се служат со кафињата и останатите пијалоци само по барање на купувачите кои пак ќе може да избираат од новите еколошки верзии.

- Advertisement -

Исто така, Starbucks ќе ги претстави новите капачиња за сите пијалоци оваа есен со кои ќе може да се пие без да се користат цевки, а промената ќе започне од продавниците во Ванкувер и Сиетл.

Извршниот директор на компанијата, Кевин Џонсон изјавил дека ова е значаен чекор во напорите на компанијата за одржливост. Инаку, Starbucks вети 10 милиони долари кои ќе се инвестираат за создавање на разградливи чаши за топли напитоци.

Сподели!
- Advertisement -