Денес ќе се доделат првите грантови на домашни компании од Планот за економски раст

- Advertisement -

 

На претставниците на микро, мали и средни претпријатија денеска ќе им бидат грантови за финансирање на проектите со кои аплицираа на првиот повик на Фондот за иновации и технолопки развој во рамки на третиот столб на Владиниот План за економски раст.

- Advertisement -

Со повикот се предвидува до крајот на оваа година да бидат пласирани 10,5 милиони евра за кофинансирање со четири мерки. Првата мерка е за брзорастечки компании “газели“ со по 10 милиони денари, односно 30% од вкупно вложените средства за набавка на нова опрема и финансирање на развој на нова технологија.

Со втората мерка се опфатени микро компании до пет вработени на кои им се нудат до пет милиони денари или 30% за набавка на технологии и изградба на хали.

- Advertisement -

Третата мерка е наменета за компании во доминантна сопственост на македонски граѓани  на кои им се нудат до 20 милиони денари или 70% од вкупните средства инвестирани во инвестициски проекти и маркетинг. Четвртата мерка е за поддршка на мади до 29 години за усовршување во странство на кои државата им нуди до милион денари.

Грантовите на избраните компании ќе им ги доделат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Сподели!
- Advertisement -