10 работи што препорачуваме да ги направите пред да заминете на одмор

- Advertisement -

Сезоната на годишни одмори започна. За жал, додека сте на одмор, секогаш постои можност да се случи некој несакан настан од типот на кражба, пожар или пукање на водоводна цевка. Со цел да ги намалите шансите да се случи незгода, во продолжение разгледајте ја листата на препораки од Триглав Осигурување:

  1. Пред да тргнете на пат, добро затворете го вентилот за вода;
  2. Проверете дали добро сте го затвориле плинот;
  3. Не оставајте ги прозорите полу-отворени;
  4. Ако живеете во куќа, проверете дали подрумските простории се добро затворени;
  5. Не оставајте порака на телефонската секретарка со информација дека сте на одмор, и доколку постои можност пренасочете ги повиците на мобилен телефон;
  6. Не објавувајте информација на Facebook дека сте на семеен одмор;
  7. Вредните предмети и готовината однесете ги во банка;
  8. Сензорското осветлување може да ги спречи крадците, оставете запалено светло и на влезот;
  9. Замолете некоја личност од доверба повремено да го надгледува вашиот дом, повремено да вклучува светло во домот или да подигне ролетни а воедно нека го испразни вашето поштенско сандаче;
  10. Не заборавајте на полисата за осигурување на домаќинства, авто-каско и патничкото осигурување… и секако одмарајте без грижи.

Среќен пат и убав одмор ви посакува Триглав Осигурување.

Сподели!
- Advertisement -