Сингапур со најбрз Интернет на светот, Македонија е на 68. место

- Advertisement -

Сингапур е државата каде Интернетот е најбрз, покажало истражување спроведено од M-Lab, пренесува Euronews.

Истражувањето кое траело 12 месеци и е направено во соработка со Open Technology Intitute, Google Open Source Research и универзитетот Принстон, покажало дека во споредба со минатата година, годинава просечната брзина на Интернет во светот се зголемила за 23% или 9,10 Mbps.

Европа од друга страна, може да се пофали со највисока концентрација на држави со брз или многу брз Интернет.

- Advertisement -

Најголемата просечна брзина во светот, односно брзината на Интернетот во Сингапур, изнесува 60,39 Mbps, каде еден HD филм може да се преземе за околу 11 минути. Сингапур и во убедливо водство пред Шведска која со 46,00Mbps е на второто место. После Шведска, на листата следуваат Данска, Норвешка, Романија, Белгија, Холандија, Луксембург, Унгарија. САД се рангирани на 20. место.

Македонија се наоѓа на 68. место со просечна брзина од 8,82 Mbps и потребно време за симнување на HD филм од 5 GB од околу час и 17 минути. Просечната брзина е зголемена за 1,48 Mbps, но сепак бележиме пад на листата од 9 места.

- Advertisement -

Пред нас од земјите на Балканот се Грција со просечна брзина од 11,3 Mbps, Косово со 11,64 Mbps, Србија со 13 Mbps, Хрватска со 15,6 Mbps, Бугарија со 20,2 Mbps и Словенија со 21,41.

На дното на листата се некои африкaнски држави каде брзината на Интернетот е под 0,90Mbps како Конго, Буркина Фасо, Нигер, Мавританија, како и Сирија, Јемен, Туркменистан.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -