Пакомак објави конкурс за најеколошки градоначалник и општина

- Advertisement -

Пакомак објави конкурс за избор на најеколошки градоначалник и општина за 2018 година. Изборот ќе се изврши во јануари 2019 година, а право на учество имаат сите општини во земјава, урбани и рурални

Критериумите што треба да ги исполни најеколошкиот градоначалник се објавени на веб – страницата www.pakomak.com.mk , а голем дел се однесуваат на собраните количини на селектиран отпад од пакување, собраните колични стаклена амбалажа, висина на средствата во општинскиот буџет наменети за еколошки проекти, како и веќе реализирани проекти поврзани за одржливо живеење.

„Нашата цел е да изразиме поддршка и почит кон оние позитивни примери помеѓу градоначалниците кои во својата општина им даваат предност на еколошките проекти, ги планираат и реализираат. За нас секое најмало вложување и постапување во насока на заштита на животната средина значи голем чекор напред кон еколошките реформи што треба да и се случат на нашата земја, но пред сé во секоја општина поединечно“ – вели Филип Ивановски, извршен директор во Пакомак.

- Advertisement -

Пријавувањето на учеството на конкурсот може да се направи до 31 декември 2018 година до 23.59 часот. Пријавата треба да се достави во електронска форма на е-пошта:i.brdaroski@pakomak.com.mk. Формата за пријавување може да се преземе од веб-страницата на „Пакомак“ www.pakomak.com.mk .

Компанијата „Пакомак“ на најеколошката општина и градоначалник ќе им додели модерно детско игралиште направено од еколошки материјали. Игралиштето ќе биде поставено на локација во општината што ќе биде договорена во соработка со општинските власти.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -