Падна вредноста на акциите на Тесла поради коментарот на Илон Маск

- Advertisement -

Вредноста на акциите на американскиот производител на автомобили Тесла драстично се намали и тоа поради коментар на извршниот директор Илон Маск.

Инвеститорите во компанијата не биле воодушевени со тоа што генералниот директор на компанијата Маск го нарече британскиот спасувач, кој минатата недела учествуваше во спасувањето на децата од пештерата во Тајланд, „педо“ (алудирајќи на зборот педофил).

- Advertisement -

Акциите на Тесла се намалија за четири проценти, односно две милијарди долари, по овој коментар на Маск.

Во мај акциите на Тесла забележаа сличен пад откако Маск на прес-конференција за медиуми и инвеститори на прашањата одговараше „досадно, досадно“.

- Advertisement -

МИА

Сподели!
- Advertisement -