Научниците тврдат дека постарите деца стануваат директори, а помалите претприемачи

- Advertisement -

Истражувањата покажуваат дека првородените деца имаат 24% поголема шанса да станат извршни директори или топ менаџери од второродените и дури 28% поголеми шанси од третородените

„Утврдивме дека првородените машки деца се емоционално постабилни, поупорни, подружељубиви, поподготвени и поспособни да преземат иницијатива од оние кои се родени подоцна. Исто така, утврдивме дека за постарите деца се поинтересни занимања кои бараат лидерство, социјални способности. Истражувајќи ги можните механизми, утврдивме дека негативните ефекти на редоследот на раѓањето настануваат поради постнаталното опкружување. Истражувањето покажа и дека родителите помалку инвестираат во децата кои ќе се родат подоцна“, тврдат истражувачите.

Овие тврдења, на некој начин, имаат смисла. Постарите деца имаат тенденција да се ставаат во позиција на лидери: ги чуваат помалите браќа и сестри, играат улога на голем брат или сестра. На тој начин добиваат прилика за рано практикување на преземањето одговорност, а истовремено учат како да се справуваат со притисокот. Исто така, откриено е дека провородените деца на тинејџерска возраст низ историјата поминуваат повеќе време работејќи домашни задачи и читајќи многу книги, додека второродените деца во просек трошат еден час помалку на вршење на домашните задачи.

- Advertisement -

Ако се прашувате зошто е тоа така, причината лежи во начинот на одгледување, не само во природата на човекот и редоследот на раѓање. Бројни истражувања покажуваат дека родителите, вообичаено, се построги и имаат поголеми очекувања од своите првородени деца, додека за второродените тоа не е така. Второто, третото, четвртото, петтото и секое следно дете имаат помал надзор од возрасните.

- Advertisement -

Интересно е тоа што најверојатно тие деца во иднина ќе бидат претприемачи. Редоследот на раѓање влијае на изборот на професијата. За првородените деца е поверојатно дека ќе бидат менаџери, додека подоцна родените ќе бидат самовработени, велат истражувачите. Децата кои имаат постари браќа веројатно ќе избрат покреативни професии, што има смисла затоа што поголемата слобода води до иновативност и оригиналност.

Што значи сето тоа за вас? Tоа значи, прво, да најдете начин како сите деца да почнат да стекнуваат вештини на лидери. Без оглед на тоа со што се занимаваат професионално, вештините за лидерство се исклучително важни. Помогнете им на своите деца да научат да преземат инцијатива. Ако имате високи стандарди, задржете ги за сите свои деца и никогаш не заборавајте дека одгледувањето деца секогаш е недовршена наука, но покажувањето колку ги сакате своите деца секогаш ќе биде совршен начин на родителство и одгледување.

Сподели!
- Advertisement -