Истражување: Урбаните зелени површини се природен лек за депресија

- Advertisement -

Едно неодамнешно истражување покажа дека симптомите на депресија може да се ублажат кај сите луѓе кои имаат пристап до зелени површини. Истражувачи од Филаделфија трансформира неискористени градски површини во зелени простори и открија дека возрасните кои живеат во близина на тие зелени површини имаат намалено чувство на депресија, а најголеми ефекти се забележани кај семејствата со помали примања.

Истражувачите од Медицинската школа Перелман на Универзитетот на Пенсилванија во рамките на истражувањето трансформираа 541 случајно избрани локации во Филаделфија во зелени површини. Притоа, зафрлените места преполни со отпад биле совршени за трансформацијата, а најголем дел од нив биле во сиромашни средини. Според истражувањето, лошите социоекономски услови веќе се докажан причинител на проблеми со менталното здравје, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Истражувачите ги поделиле површините на три групи: контролирана група каде што ништо не промениле, површини каде што го исчистиле само отпадот и група каде што се исчистило се и се насадиле нова трева и нови дрвја. Тие откриле дека кај луѓето што биле во близина на новопосадените површини се забележало намалување на чувството на депресија. Тие користеле скала за психолошки проблеми и ги прашувале луѓето како се чувствуваат, мереле срцев ритам итн. Во посиромашните средини се забележало намалување на стапката на депресија за дури 27,5%.

Иако и претходни други студии ги анализирале ефектите на зелените површини врз менталното здравје, експертите го сметаат овој експеримент за иновативен затоа што претходните студии биле главно опсерваториски и не дале конкретни статистички резултати.

Сподели!
- Advertisement -