Мате Римац отвора компанија во Сплит каде ќе има 100 вработени

- Advertisement -

Компанијата Rimac Automobili на хрватскиот претприемач Мате Римац се проширува во Сплит каде ќе отвори развоен центар кој ќе биде втор во Хрватска после оној во Осијек

За почеток се вработени единаесет инженери, а до крајот на годината нивниот број ќе се зголеми на триесет, а потоа и до педесет. Како што пренесува N1, Римац најавил дека во рок од две до три години, во Сплит планира да има сто вработени.

„Во Сплит ќе развиваме софтверски решенија за електричните автомобили, за нашиот сопствен систем и за партнерските, односно ќе имам центар на компетенции кој ќе развива одреден тип на софтвер“, изјавил Римац.

- Advertisement -

Тој додал дека се прошируваат доста бргу и дека само оваа година вработиле околу 140 луѓе во Загреб, иако би сакале да нудат работни можности за кадри ширум Хрватска. Дополнително, Римац е заинтересиран да биде партнер и во развојот на Технолошкиот парк кој ќе се отвора близу Сплит, каде сака за две години да ја префрли својата сплитска компанија.

„За ваков проект, важно е да делуваме заедно и да разменуваме искуства, најмногу поради раст на целиот екосистем.“, заклучил Римац.

Сподели!
- Advertisement -