Царинската управa даде поддршка за развој на електронската трговија во Македонија

- Advertisement -

Царинската управа на Рeпублика Македонија  потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, како и со DHL Македонија

Меморандумите за соработка се потврда дека Царинската управа се води од заеднички принципи на постапување и делување, разбирање на партнерите, земајќи ги предвид предностите и современите текови на електронската трговија која ги вклучува сите трансакции реализирани од далечина, со користење на електронски или дигитални платформи.

- Advertisement -

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, го потпишаа Меморандум за соработка што претставува пристапување на Царинската управа на Република Македонија во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија.

Потписниците на Меморандумот соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата, за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за област на дејствување и соодветната целна група.

- Advertisement -

Меморандумот за соработка што го потпишаа директорот на Царинската управа Танасоски и директорот на  DHL Македонија, Нанослав Радовиќ, ќе придонесе за зајакнување на борбата против трговијата со нелегални стоки и обезбедување на сигурен превоз на брзите пратки, промовирање на ефикасна размена на информации , изнаоѓање на практични решенија за взаемна помош при идентификување на пратки со поголем ризик и обезбедување на брз третман на пратките, без да биде доведено во прашање сигурноста и безбедноста на граѓаните. На ваков начин ќе се унапреди меѓусебната соработка и ќе се зголеми свеста од негативните ефекти на нелегална трговија и транспорт што ги предизвикуваат најновите појави, облици и предизвици на шверцот на стоки.

- Advertisement -

Мерките регулирана со овие два Меморандуми, ќе резултираат со зголемена успешност во олеснување на трговијата со пратки, наплатата на приходи и подигнато ниво на заштита и безбедност, во услови на избалансираност помеѓу олеснети услови за непречен проток и оптимизирана контрола на стоката и пратките, како и правилна примена на царинските прописи.

Сподели!
- Advertisement -