Посетителите на забавни паркови во САД знаат дека за некои атракции добиваат попуст доколку дадат лименка или пластично шише за рециклирање. Сега и во Велика Британија се воведуваат „обратни автомати за продажба, кои ги наградуваат луѓето што рециклираат. Имено, компанијата Merlin, сопственик и управител на неколку забавни паркови во Велика Британија, ги здружи силите со Coca-Cola за да ги поттикне луѓето на рециклирање и да се бори против загадувањето во земјата.
Како дел од програмата на Coca-Cola посетителите на забавните паркови ќе можат да приложат пластични шишиња од 500 мл во автоматите, кои ќе им дадат ваучери до 50% попуст на билетите. „Сакаме да ги наградиме луѓето што ќе постапат правилно и ќе рециклираат и истовремено да ги охрабриме другите кои сами по себе нема да рециклираат“ велат од Coca-Cola, пренесува Inhabitat.
Автоматите се поставени во четири забавни паркови во сопственост на Merlin: Chessington World of Adventures, Alton Towers, Thorpe Park и LEGOLAND, но наскоро ваучерите со попуст ќе може да се користат на која било од 30-те атракции со кои управува Merlin во Велика Британија. Акцијата ќе трае до средината на октомври, кога најголем дел од парквоите се затвораат за зимската сезона.
Во Велика Британија се рециклираат 7,5 милијарди од вкупно 13 милијарди пластични шишиња кои се фрлаат, Оваа иницијатива има за цел да ја подобри статистиката и да елиминира дополнителни 700.000 дневно.