Добротворниот хакатон „KindHack“ доаѓа во Скопје

- Advertisement -

Симфони Солушнс-Скопје го организира својот прв добротворен хакатон „KindHack”. Настанот ќе се одржи на 22 и 23 септември во просториите на Симфони Солушнс во Скопје.

Сите невладини организации и институции од Скопје и пошироко кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање се добредојдени да се придружат и да аплицираат со своите проекти до 10 август.

- Advertisement -

Хакатонот е одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации. Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.

Ова не е првиот добротворен хакатон за Симфони Солушнс. Во месец март годинава се одржа третиот добротворен хакатон настан, во канцелариите на Симфони Солушнс во Лавов, Украина.

- Advertisement -

Како да аплицирате?

  • Секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.) може да аплицира
  • Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почетокот на хакатонот
  • Селекцијата на проекти за развивање на софтверско решение, доставени од невладините организации трае до 20 август.
  • Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот.
  • Невладината организација треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот ЛИНК
  • Рокот за аплицирање е до 10 август.

Повикот за сите заинтересирани учесници (дизајнери, програмери и софтвер тестери) на хакатонот ќе биде отворен на 20 август.

- Advertisement -

Повеќе детали и информации може да погледнете на Фејсбук.

Сподели!
- Advertisement -