Тотал ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Македонија стана партнер на Cashback World. На тој начин, меѓународната куповна заедница ги прошири можностите за пазарување на своите членови.
Од крајот на јули, членовите на Cashback World имаат можност да ги користат атрактивните предности на Куповната Заедница при купувањето на ТВ пакети од Тотал ТВ: Потрошувачите што ќе нарачаат еден од пакетите директно во Тотал ТВ и ќе ја покажат својата Cashback картичка ќе добијат до 7% Cashback и 3 Shopping Points за купување од 6.500 МКД, во зависност од купениот пакет.
“Тотал ТВ има врвна сателитска технологија и импресивен број на национални и интернационални програми. Поради тоа, ни претставува огромно задоволство што имаме таков познат нов партнер за нашите членови”, вели Радован Витошевиќ, Генерален директор на МајВорлд Македонија ДООЕЛ Скопје, оператор на Cashback World во Македонија.
Во 2006, Тотал ТВ започна со прво сателитско пренесување на Балканот. Во 2009, беше основана подружница во Македонија. Денес, Тотал ТВ нуди 120 SD и HD канали како и 150 бесплатни ТВ и радио канали од сателитите Eutelsat 16A, Hot Bird и Astra. Тотал ТВ е најдобар провајдер на дигитална сателитска телевизија во Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, а исто така е достапен и низ Европа.
Меѓународната куповна заедница Cashback World нуди атрактивни шопинг предности (Cashback и Shopping Points) на потрошувачите кои сакаат да заштедат пари при пазарување кај Трговски Партнери со користење на Cashback картичката или онлајн. Преку Cashback Solutions, Cashback World им нуди на компаниите едноставна и иновативна лојална програма за потрошувачи, овозможувајќи им да станат дел од овој свет на пазарување. Cashback World е моментално активен во 47 земји. 9.5 милиони членови уживаат во предностите кои ги добиваат пазарувајќи кај речиси 90,000 трговски партнери во светот.