Италија и Франција први ќе воведат данок на дигитални услуги

- Advertisement -

Министрите за економија на Италија и на Франција најавија брзо усвојување на предлогот на Европската комисија за воведување данок за дигитална услуга од 2019 година.

“Прашањето за дигиталниот данок е од големо значење за граѓаните и ќе обезбеди поголема еднаквост и ефикасност“, се вели во заедничко соопштение на италијанскиот министер за економија Џовани Триер и на неговиот француски колега Бруно Ле Мер.

- Advertisement -

Тие се согласија да работат на постигнување на брз напредок во усогласувањето на стапките на корпоративните даноци во Европа. Приоритет  за нив ќе биде да се постави надградба на банкарската унија со цел да се гарантира „поголема стабилност, раст и работни места” во еврозоната, како и формирање на буџетот на еврозоната со цел да се обезбеди „поголема стабилизација и хармонизација”.

Сподели!
- Advertisement -