Подводната лента за трчање Water Walker ќе го однесе вашето вежбање буквално до нови длабочини. Ваквиот начин на вежбање создава многу помал притисок врз зглобовите и е совршен начин за закрепнување од повреди или за постари лица кои сакаат да се одржуваат во форма.
Притоа, ова е неверојатна кардио активност со која се согоруваат огромна количина калории додека истовремено се зацврстуваат мускулите. Бидејќи вежбате во вода, водата ја намалува тежината на вашето тело за 80% и ви овозможува да биде креативни со начинот на кој вежбате.
Креаторите на овој јапонски изум велат дека вежбањето во вода помага да се согорат повеќе калории затоа што се исфрла топлината од телото во водата, поради што телото е принудено повторно да ја покачи сопствената температура и да произведува енергија. Освен тоа, уредот мож да се користи и за спа третмани.
https://www.youtube.com/watch?v=9qHef_w8QJs