Прво возење со автобус без возач во Виена

- Advertisement -

Во рамки на програмата „Мобилност на иднината”, поддржана од австриското Министерство за сообраќај, по тримесечни интензивни подготовки во Виена се одржа и успешно заврши првото пробно возење на два градски автобуса без возач.

– Автобусите, во присуство на оператор, ги превезоа одушевените патници на рута од околу два километра – од станицата У-2 до Технолошкиот центар Асперн и назад, соопшти Еурокомм.

- Advertisement -

Новата виенска линија без возачи првите редовни патници ќе ги има пролетта следната 2019 година. На линијата ќе има фиксни станици, а возењето ќе го надгледува обучен оператор. Возењето ќе биде бесплатно.

– Самоуправувачкиот превоз е голем тренд, којшто има потенцијал да ги промени градовите и да ги направи поодрживи. Како градско претпријатие, ќе бидеме меѓу првите во тоа, истакна директорот на Виенското градско сообраќајно претпријатие, Гинтер Стеинбауер.

- Advertisement -

МИА

Сподели!
- Advertisement -