- Advertisement -
Facebook и Instagram воведоа нови алатки за кои тврдат дека ќе им помогнат на корисниците во контролирање на времето кое го поминуваат на социјалните мрежи.
„Денес најавуваме нови алатки кои ќе им помогнат на корисниците во контролата на времето кое го поминуваат на Facebook и на Instagram: табела на активности, дневен потсетник и нов начин на ограничување на известувањата. Се надеваме дека овие алатки на луѓето ќе им дадат можност подобро да го контролираат времето кое го поминуваат на нашите платформи, како и да поттикнат разговор меѓу родителите и тинејџерите за правилните онлајн навики” напишаа од Facebook.
Една од алатките е мерач на времето кое сте го поминале на Instagram и на Facebook. На Instagram таа алатка се отвора со избирање на Your Activity, а на Facebook со избирање на опцијата Your Time on Facebook.
- Advertisement -
Другата опција е особено корисна за луѓето на кои известувањата од Instagram и Facebook им пречат во работата, а се однесува на краткотрајно гасење на известувањата кога се врши друга работа. За активација на опцијата потребно е само да се избере Notification Settings и потоа подопцијата Mute Push Notifications.
Овие опции веќе се достапни за корисниците на САД, а наскоро доаѓаат и во Хрватска.
- Advertisement -