Во Хрватска отворена првата јавна гаража со електрични велосипеди

- Advertisement -

Во близина на замокот Ердоди во Јастребарско неодамна беше отворена првата јавна гаража со електрични велосипеди во Хрватска, што воедно е и прв проект на обединување на технологијата со изнајмување градски и планински електрични велосипеди од највисока класа. Гаражата функционира со автоматизираниот систем за наплата на Nextbike.

„Гаражата со јавни електрични велосипед е прв таков проект во Хрватска. Во гаражата се влегува така што корисникот се регистрира на интернет-страницата на Nextbike. По регистрацијата корисникот во терминалот го внесува бројот на својот мобилен телефон и ПИН-от кој го добил при регистрацијата. Потоа избира и велосипед кој сака да го изнајми, па му се отвора лизгачка врата на гаражата и може да си го земе велосипедот“ објаснува директорот на Системот за јавни велосипеди, Крешимир Дворски.

- Advertisement -

Вредноста на инвестицијата е нешто повеќе од 67.000 евра и станува збор за оригинално решение за кое од Nextbike очекуваат да ги заинтригира и другите туристички ориентирани градови и оптини во Хрватска, а да послужи и како мерило за развојот на еден дел од циклотуристичката понуда.

Веќе 30.000 регистрирани корисници на Nextbike во Хрватска и во БиХ потврдуваат дека системот за јавни велосипеди и тоа како е битен дек од интегрираниот јавен превоз, од што корист имаат и единиците на локалната самоуправа и локалната заедница, како и посетителите на дестинациите.

Сподели!
- Advertisement -