„Економист“: Виена е најдобар град за живеење во светот

- Advertisement -

Австриската престолнина Виена го помина австралискиот град Мелбурн на листата со најдобри градови за живеење во светот за 2018 година. Ова е првпат некојa европска престолнина да се најде на врвот на листата на глобалното истражување на „Економист“. Истражувачите рангираат 140 града врз основа на низа фактори, меѓу кои политичката и социјалната стабилност, криминалот, образовниот систем и здравствената заштита.

На листата најмногу напредувал Манчестер во однос на кој било друг европски град. Сега е на 35. место, што е подобрување за 16 места. Манчестер се најде 13 места пред Лондон, што е најголем јаз меѓу овие два града откако почна истражувањето пред две децении.

- Advertisement -

Уредничката на истражувањето, Роксана Славчева, изјавила дека безбедноста е подобрена во неколку западноевропски градови, а тоа што Виена го зазела првото место е показател за релативното враќање на стабилноста во Европа.

Мелбурн, кој сега е на второто место, седум години по ред беше на врвот на листата.

- Advertisement -

Дамаск во Сирија, пак, се наоѓа на дното на листата како најмалку пожелен град за живеење во светот. По него, следуваат Дака во Бангладеш и Лагос во Нигерија.

Десет најдобри градови за живеење во светот во 2018 година: Виена, Мелбурн, Осака, Калгари, Сиднеј, Ванкувер, Токио, Торонто, Копенхаген, Аделејд.

- Advertisement -

Десет најлоши градови за живеење во светот во 2018 година: Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Порт Мозби, Хараре, Триполи, Дуала, Алжир и Дакар.

Сподели!
- Advertisement -