Мерцедес за првпат купи струја од ветроелектрана

- Advertisement -
Компанијата Mercedes Benz објави дека склучи прв договор за директно купување на енергија од една полска ветроелектрана. Тоа е прв таков договор на некоја компанија и производител на струја во Полска.
Мерцедес ја купува струјата од ветропаркот за потребите на својата фабрика во Јавор, која се наоѓа на оддалеченост од 10 километри од ветроелектраната. На долг рок компанијата планира сите свои потреби за струја да ги покрива од обновливи извори.

Ветропаркот Ташалин работи од 2013 година, како дел од ветро индустријата WindEurope која е активна во повеќе од 50 земји. Полската шема за обновлива енергија им овозможува на испорачателите на обновлива енергија да продаваат струја на слободниот пазар или преку договори за купување на енергија. Бројот на договори меѓу производители на струја и корпорации забрзано расте во Европа. Во 2017 години продажбата на енергија од ветер преку такви договори порасна за 130%.

“Овој договор е прв коропоративен договор за купување на обновлива енергија во автомобилската индустрија и прв таков договор во Полска“, истакна директорот на WindEurope Гејлс Диксон.

- Advertisement -

Според него, ваквите договори им овозможуваат на коропрациите и на потрошувачите сигурна енргија по конкурентна цена, како и купување по фиксна цена во текот на подолг период. Со еден збор, станува збор за победничка комбинација за сите!

Сподели!
- Advertisement -