ЕУ усвои нови правила за подобрување на заштитата на онлајн потрошувачите

- Advertisement -

Новите правила на Европската унија за заштита на потрошувачите, усвоени како директива во Европскиот парламент, меѓу другото, ќе обебедат поголема безбедност и транспарентност на интернет пазарот. Ќе биде појасно кој продава производи, трговец или приватно лице, а испраќањето лажни потрошувачки рецензии или препораки ќе биде забрането.

Освен тоа, трговците нема да можат да огласуваат лажни намалувања на цената, а интернет страниците за споредување на цена ќе мора да ги информираат потрошувачите за критериумите за рангирање. Со новите правила исто така се засилуваат правилата на потрошувачите. Осигурани се надоместите за жртвите од нефер бизнис практики и казни во случај на ситуации со масовни штети на кои се изложени потрошувачите ширум ЕУ.

- Advertisement -

Државите членки сега имаат две години за директивата да ја пренесат во националните законодавства за да се осигура дека потрошувачите во ЕУ се подобро заштитени.

„Со новите правила се подобрува заштитата за потрошувачите во дигиталниот свет кои со право ја заслужуваат. ЕУ исто така сака да ја спречи праксата на продажба на производи како идентични во различни држави членки. Но новите правила ќе ги штитат потрошувачите од нечесните трговци и интернет измамите” велат од ЕУ..

- Advertisement -

На овој начин им испраќаме порака на трговците да ги почитуваат правилата, а не да ги избегнуваат. Кршењето на правилата на ЕУ за заштита на потрошувачите во големи размери може да се казнува со парична казна во износ од најмалку 4% од годишниот промет. Тоа ќе биде доволно делотворна казна за да ги одврати нечесните трговци од измами.

Сподели!
- Advertisement -