Агенцијата Scandinavian Design Group, која работи во рамките на I&F Grupa, го создаде концептот и дизајнираше корисничко искуство за The Explorer, дигитална платформа за истражување на широк спектар на зелени и одржливи решенија во Норвешка
Целта на оваа дигитална платформа е да ги претстави норвешките компании на светскиот пазар и да ја позиционира Норвешка како пионер на одржливиот развој. The Explorer е развиена од страна на две агенции: Scandinavian Design Group, задолжена за развој на концептот и корисничкото искуство и Creuna одговорна за техничката изградба на платформата.
The Explorer, новата дигитален арена на норвешкиот зелен извоз, местото каде се среќаваат глобалните предизвици и одржливите норвешки решенија, го претставија Ерна Солберг, премиерот на Норвешка и Анита Крон Тросет, директор на Innovation Norway.
Идејата е да се развие посилен национален бренд и да се позиционира Норвешка за иднина, а со тоа и да се зголеми извозот и да се обезбеди модел на социјална заштита за идните генерации. Катрин Пиа Лунд, директор на брендот Норвешка во рамките на Innovation Norway, го лансираше The Explorer заедно со премиерот, истакнувајќи ја важноста на оваа иницијатива: “Не се работи за создавање на логоа, слогани или кампања. Станува збор за нашата способност да ги раскажуваме уникатните приказни за тоа кои сме, од каде доаѓаме и што можеме да им понудиме на светот. За да направиме успешен бренд од нашата земја, треба да размислиме што е автентично и уникатно за нас како нација “.
“Развојот на платформата The Explorer е еден многу интересен проект со голем потенцијал. Норвешка како земја треба да се позиционира во високо конкурентниот меѓународен пазар. Голема е честа да се биде вклучен во создавањето на нов национален бренд на нашата земја и сме многу горди на тоа”, вели Ен Мари Брејди, директор на агенцијата Scandinavian Design Group.
Marketing365.mk