Golden Olive Oil е extra virgin маслиново масло збогатено со листови 24-каратно злато, а е производ на 19 мали производители обединети под капата на компанијата Kreativni laboratorij, на чело со Антонио Божиќ. Пред пет години трговскиот синџир Harrods нивното масло го прогласи за луксузен производ на годината, а истото тоа масло денес се извезува во низа земји од целиот свет, пишува Poslovni Dnevnik.
За Golden Olive Oil се користи маслиново масло од разни производители, не се врзани само за еден производител, но Божиќ вели дека изборот е голем затоа што во Хрватска се повеќе има врвни маслинови масла.
„Ние немаме свои маслинки и не се врзуваме само за едни насади или еден производител, туку одиме на дегустирање масла со разни вкусови и го избираме она што ни се допаѓа по своите карактеристики. Ако, на пример, имало лоша сезона во Далмација, одиме во Истра и обратно. Под лоша сезона подразбирам болести на временските прилики. Не сме врзани да купуваме од оеден производител. Денес во Хрватска има, брз претерување, 70-80 маслинови масла кои се топ“ вели Божиќ.
Златното маслиново масло е присутно на повеќе странски пазари, а од средината на минатата година се пласира и во Хрватска.