Alphabet, матичната организација на Google, планира да иѕгради паметен кварт во Торонто. Според пишувањата на странските медиуми се работи за интересен проект, односно претворање на 3.237 квадратни метри поранешна индустриска зона во близина на езерото Онтарио во најамбициозен паметен град на светот , пишува порталот Tech Radar. Проектот ќе чини 50 милиони долари, а ќе стартува летото 2019 година. Претходно компанијата ќе има интензивни разговорни со локалната заедница и со граѓаните за да се детектираат проблемите на заедницата кои Alphabet со својата технологија може да ги реши.
За брендот чија вредност е проценета на 245 милијарди долари наведениот проект е еден вид на изложбен простор каде ќе ги претставува своите најнови технолошки достигнувања кога станува збор за решавање на урбани предизвици. Носител на проектот Sidewalk Toronto е организацијата на Alphabet- Sidewalk Lab која најавува дека сака канадскиот главен град да го претвори во светски центар на урбаните иновации. Во својот тим ги имаат најдобрите светски архитекти меѓу кои и 11 архитекти кои работеа на санација на Светскиот Трговски Центар во Њујорк.
Меѓу другото, во Торонто планираат да реализираат и повеќе јавни услуги како што се паметен паркинг, јавен транспорт на обновлива енергија, повеќе велосипедски стази и паметни контејнери за отпад, елементи без кои еден град не може да се пофали дека е паметен град.
Подземни роботи кои испорачуваат пошта до врата, модуларна архитектура
Доставата на пратки и писма би требало да се одвива во подземје така што не би требало да доцнат поради гужва во сообраќај. За време на гужва и празници дел од пратките ќе се пренесуваат и со дронови.
Улиците на овој град ќе бидат опремени со сензори кои ја мерат гужвата и видот на гужва и со помош на ЛЕД осветлување ќе може да се менува и ширината на улиците и на тротоарите.
Во овој град зградите ќе бидат флексибилни што треба да осигура можност за постојано преуредување. Станува збор за архитектонско решение кое подразбира поместување на ѕидовите и фасадата па една иста зграда може да функционира и како деловна и како станбена зграда или стоковна куќа.
Во описот на проектот се наведува дека Торонто е еден од најразвиените и културолошки најдиверзифицирани градови во светот. Се проценува дека од моменталните 2,9 милиои луѓе градот во следните 25 години ќе порасне за околу 35%. Затоа едни од целите на овој проек се намалување на потрошувачката на енергија и емисија на штетни гасови во воздухот.