Во Ротердам ќе се отвори првата пловечка фарма за млеко во светот

- Advertisement -

Ротердам, Холандија, наскоро ќе стане дом на првата пловечка фарма за млеко во светот. Во близина на пристаништето Мервехејвен се работи на изградбата на фармата, во која ќе бидат сместени 40 крави кои ќе произведуваат 1.000 литри млеко дневно. Фармата е сопственост на компанијата Beladon.

Петер ван Вингерден, инженер од Beladon, ја добил идејата за фармата откако го посетил Њујорк во времето на ураганот Сенди. Откако видел колку е тешко за жителите да пристапат до храна во такви временски неприлики, се замислил за важноста на патот кој го поминува храната додека стигне до трпеза. Така дошол до ијдеата да постави фарма блиску до градот и на тој начин да осигура пристап до храна во секое време, а од друга страна да се намали штетното влијание на транспортот врз околината.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Осумдесет проценти од храната за кравите ќе биде од отпад од храна од околните ресторани. Според BBC, за храна на кравите ќе може да се искористат и житарки од локалните пиварници, остатоци од ресторани и кафулиња, отпадоци од мелници, па дури и тревата која се коси во градот, а сето тоа ќе се транспортира со електрични камиони.

Остатокот од храната ќе се состои од растенија кои ќе се одгледуваат во самата фарма под ЛЕД светилки, а како ѓубриво ќе се користи урината од кравите. Во фармата е поставен посебен под со мембрана која овозможува цедење и складирање на урината. Растенијата ќе се одгледуваат на 4-5 посебни платформи под специјални ЛЕД светилки.

- Advertisement -

Кравите ќе можат и да пасат трева доколку поминат по специјалниот мост кој ги поврзува со брегот. Но, дизајнерите велат дека кравите најголем дел од времето ќе го поминуваат на фармата. Изметот од кравите ќе го собираат специјални роботи, а потоа ќе се користи или како ѓубриво или за генерирање енергија потребна за фармата, а вишокот ќе се носи на околните фарми.

Сподели!
- Advertisement -